Претходна статија
Половина милион евра за нов парк во населбата Капиштец
Следна статија
ЕУ објави тендер за рехабилитација на пругата Битола - Кременица, ќе се гради и станица кај Жабени

Изработка на проекти за изградба и реконструкција на неколку патишта

Објавено на 15.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие за државни патишта бара понуди за изработка на проектна документација за реконструкција и изградба на пет магистрални и регионални патни правци во земјава. Проекти ќе се подготват за реконструкција на магистралниот пат Кочани – Делчево, регионалните патишта Делчево – Голак, Лажани – Ропотово – Црнилиште и Кривогаштани – Обршани – Воѓани, но и за изградба на патот до селото Коњарево во струмичката општина Ново Село. Од буџетот на јавното претпријатие за оваа намена се предвидени финансиски средства во висина од 46,5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Рокот за доставување на понуди е до 3 јуни. За изготвување на проектната документација е предвиден временски период од 18 месеци.