Претходна статија
Меѓународна петиција против изградба на брани во НП „Маврово“
Следна статија
Изработка на проекти за изградба и реконструкција на неколку патишта

Половина милион евра за нов парк во населбата Капиштец

Објавено на 14.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Центар продолжува со проектите за обнова на зелените површини во централното подрачје на главниот град. Тетовската компанија „АК Инвест“ е избрана да го реализира зафатот за реконструкција на паркот во населбата Капиштец, кој вклучува поставување на урбана опрема, детски игралишта, фонтани, чешми, но и ново хортикултурно уредување на просторот и негово осветлување. Од локалниот буџет за овој проект се обезбедени финансиски средства во висина од 31.864.838 денари или над 510 илјади евра. Паркот ќе се простира на површина од над 20.000 метри квадратни и пешачки патеки со површина од 2.000 метри квадратни. За одржување на новото зеленило ќе биде инсталиран и систем за полевање.

 

Според потпишаниот договор со фирмата од Тетово, изведбата треба да заврши во рок од 12 месеци. Паркот ќе биде лоциран на просторот помеѓу зградите на улиците Народен Фронт и Васил Ѓорѓов, кој во моментов е препознатлив по тоа што има еден од најмалите проценти на зелени површини по глава на жител во Скопје.