Претходна статија
Наскоро почнува изградбата на Боемската улица во Дебар Маало
Следна статија
Нов супермаркет „Веро“ во Кисела Вода

Во Дојран ќе се гради првата жичница на вода во Македонија

Објавено на 12.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скијањето на вода како атрактивна спортска дисциплина пристигнува и во Македонија. Општина Дојран ќе ја збогати туристичката понуда за посетителите преку изградба на првата жичница на вода (Кејбл вејк) во државава. Со финансиски средства од ИПА повикот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, проектот ќе се реализира со соработка на локалните власти од Дојран и грчката општина Кукуш. Предвидено е жицницата да работи во текот на целата година, а исто така ќе бидат поставени и реквизити во вода.

 

Типичен концепт на Вејк паркКејбл вејк паркот претставува забавен парк, каде посетителите со помош на специјална опрема ќе можат да скијаат на вода. Овој вид спортско – рекреативни паркови веќе е широко распространет во западноевропските земји и САД (само во Германија активно функционираат повеќе од 85 вакви паркови). Проектот за првиот кејбл вејк парк во земјава веќе е одобрен, а неговата изградба ќе следува по подготвувањето на целокупната документација за овој спортско – рекреативен објект, се наведува во соопштението на општина Дојран.