Претходна статија
Во Дојран ќе се гради првата жичница на вода во Македонија
Следна статија
Во Струмица ќе се шири секундарната гасоводна мрежа

Нов супермаркет „Веро“ во Кисела Вода

Објавено на 12.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Грчката компанија „Веропулос“ го проширува својот продажен синџир во Македонија. Во нов објект со површина од околу 3.000 метри квадратни во скопската населба Кисела Вода, денеска беше отворен 10-от супермаркет „Веро“ во земјава. Супермаркетот е лоциран на просторот на некогашните магацини на „Жито Лукс“ на булеварот Борис Трајковски, во близина на бараките на општина Кисела Вода [»мапа]. Покрај продажен простор од 1.500 метри квадратни, објектот се состои и од складишен простор со површина од 700 метри квадратни и подземен паркинг за купувачите кој може да прими 40 возила. Овој објект, со подолги прекини и застои се градеше уште од 2008 година.

 

„Веропулос“ го отвори првиот супермаркет во нашата земја пред 17 години.