Од неодамна е пуштен во сообраќај сегмент од проширениот булевар Србија, помеѓу крстосницата со булевар Видое Смилевски Бато и бензинската пумпа на Макпетрол, а комплетно се асфалтирани вкупно 700 метри, непосредно до крстосницата со булевар 12-та Македонска Бригада. Поставено е и ново осветлување, а во наредниот период следува поставување на бехатон плочки на тротоарите и велосипедската патека. На крстосницата со 3-та Македонска Бригада и 12-та Македонска бригада почна асфалтирањето на кракот 2 од вкрстувањето. На кракот 3 се поставуваат рабници и до крајот на месецот ќе почне асфалтирањето и на тој дел. Истовремено ќе се асфалтираат уште 300 метри од проширувањето на булеварот Србија, во насока кон улицата Првомајска. На овој дел претходно беше направена заштита на подземната инсталација, а дел од инсталацијата беше дислоцирана. За полесно вклучување и исклучување на возилата кои доаѓаат од населбата Лисиче, се работи и на уредување на сервисната улица што води покрај пругата. Во оваа фаза на надградба на булеварот е опфатена должина од 1.720 метри. Работите почнаа во јули 2009, инвестицијата изнесува околу 2 милиони евра, а изведувач е Мавровоинженеринг.
Форумска дискусија за овој проект » овде
Галерија: