Претходна статија
Тапка во место проектот за подземната сообраќајница зад „Рамстор“
Следна статија
Цената на новата Филхармонија достигна 40 милиони евра

„Турбоинженеринг“ ќе го доврши Милениумскиот крст на Водно

Објавено на 28.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За доизградба на Милениумскиот крст на врвот на Водно, ЈСП – Скопје ја избра фирмата „Турбоинженеринг“ која даде поповолна понуда од конкурентот – скопски „Бетон“. За реализација на зафатот ќе бидат исплатени 69 милиони денари, односно нешто над 1,1 милиони евра, а градежните работи ќе се одвиваат во рок од девет месеци. Со проектот, Милениумскиот крст ќе го добие ветениот ресторан, ќе се постави нов лифт, водоводна и канализациона мрежа, ќе се заменат постоечките светилки на крстот и истиот ќе се премачка со нова антикорозивна заштита. Со угостителскиот објект ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски.

 

 

 

Милениумскиот крст беше нецелосно изграден во 2002 година, врз основа на проектот на архитектите Јован Стефановски – Жан и Оливер Петровски. Во изминативе 12 години се постави лифт, кој сепак најчесто е вон функција, се застакли долниот дел од објектот и се уреди околниот простор. Тендерот за целосно довршување на крстот беше распишан на почетокот од јануари годинава.