Претходна статија
Се бараат идеи за развој на скијачкиот центар на Галичица
Следна статија
Во струмичкиот регион ќе се гради нов систем за наводнување

До септември ќе биде завршена првата македонска термоелектрана на биогас

Објавено на 23.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ја посети локацијата во тетовското село Требош, каде во моментов се гради првата термоелектрана на биогас во Македонија. Со органските отпадоци од преработката на месните производи од компанијата „Везе Шари“ на годишно ниво ќе се произведуваат 7.950.000 киловат – часови електрична енергија. Изградбата на биогасната електрана со инсталирана моќност од 1 мегават ќе биде завршена до септември оваа година, по што истата ќе се приклучи на македонската електроенергетска мрежа. Фирмата „Електро Шари“ во овој проект треба да вложи вкупно 6 милиони евра, а досега се инвестирани околу третина од планираните средства. На реализацијата на енергетскиот објект работат околу 100 лица, а дополнителни 30 лица ќе бидат вработени со неговото официјално пуштање во употреба.

 

Новата електрана на биогас ќе има двојна функција бидејќи ќе овозможи да се преработи отпадот од фармата за кокошки на „Везе Шари“ и да се зачува природната околина од овој тип на ѓубре, но и да се произведе електрична енергија што ќе ги задоволи потребите на нивната компанија. Изградбата на овој енергетски капацитет започна кон средината на август минатата година.