Претходна статија
Следува поставување на сценска техника во новиот театар во Велес
Следна статија
Штип бара кредит од 2 милиони евра за паркинг платформи на Отиња

Александар Велики уште го чека Реџеп Ердоган

Објавено на 11.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Изминува третиот месец откако ТАВ го презеде под концесија скопскиот аеродром „Александар Велики“, но предвидените големи градежни зафати за негова модернизација и проширување кои се обврска на концесионерот се уште не стартуваат. Како причина за одложувањето повеќе пати беше наведено чекањето да се реализира посетата на Македонија на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, бидејќи се тврди дека тој имал голема желба да присуствува на свечениот чин. Во меѓувреме тече рокот од 20 месеци, период за кој ТАВ треба да подигне нова терминална зграда и повеќе други објекти, да ја продолжи пистата, и да изгради нови сообраќајници. Единствена забележлива градежна активност засега има близу депото за запленети возила. Од ТАВ не успеавме да добиеме информација за што се работи.