Претходна статија
Претстојното лето ќе се постави милионската ограда на мостот „Слобода“
Следна статија
Ќе се реконструираат три електрични локомотиви на МЖ - Транспорт

„Дивелоп груп“ ќе гради луксузен хотел во Охрид

Објавено на 14.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На една од најпримамливите локации за градење долж охридското крајбрежје, на парцела од 7.000 метри квадратни веднаш до хотелот Инекс Горица ќе се гради нов луксузен хотел од страна на домашната компанија „Дивелоп груп“. Објектот ќе располага со 50 соби и 120 легла. Планирано е вложување во висина од 12 милиони евра, а реализацијата на проектот треба да започне за еден месец. Според информациите што денеска ги објавија неколку охридски медиуми, хотелот ќе биде дел од меѓународниот ланец на хотели „Small Luxury Hotels“, кој во моментов е присутен во преку 70 земји од светот со вкупно 520 хотели.

 

Покрај оваа инвестиција, во претстојниот период се очекува дополнителен инвестициски циклус од други компании за неодамна определените десетина локации за изградба на хотели од страна на охридската локална самоуправа. Засега е пројавен само интерес од неколку домашни и странски инвеститори, а допрва ќе се види и резултатот во однос на тоа дали ќе има и други инвестиции во овој сектор. Во изминативе неколку години беа продадени градежни парцели за изградба на нови хотелски комплекси, но фактичката состојба на терен покажува дека ниту еден поголем објект од оваа намена досега не е реализиран во Охрид.