Претходна статија
Државата ќе ја финансира инфраструктурата на населбата Сончев град
Следна статија
Заврши реконструкцијата дел од стариот пат Скопје - Куманово

Пропадна тендерот за доградба на општинската зграда на Карпош

Објавено на 25.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт од Карпош не успеа да избере изведувач на градежно – занаетчиските работи за довршување на новата општинска зграда [»мапа]. По првиот тендер објавен во јануари годинава, Општината објави втор оглас за избор на компанија што ќе го реализира надворешното обликување и ентериерот со кои ќе се комплетира овој започнат проект. Општинарите пресметале дека за доградба на административната зграда треба да потрошат помалку финансиски средства, па така во новиот тендер проценетата вредност на проектот изнесува 36.016.949 денари или околу 580 илјади евра, без вклучен ДДВ. Рокот за доставување на понудите од градежните фирми истекува на 17 март, датум на кој е закажано и нивното јавно отворање.

 

 

 

И додека подготовките за довршување на проектот траат со месеци, на градилиштето целосно се замрени активностите за доградба на општинската зграда. Од изминатото лето не се одвиваат градежни работи на терен, а првичниот рок од осум месеци за пуштање во употреба се одложи на неодредено време. Изградбата на овој објект започна во октомври 2012 година, а првата фаза од неговата реализација ја изведе компанијата „АК  – Инвест“ од Тетово. Во согласност со идејното решение од архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“, зданието треба да добие стаклена фасада од термопан кас стакла, да се монтираат два лифта во внатрешноста на објектот, да се доврши канцеларискиот простор и да се имплементираат мерки за постигнување на висок степен на енергетска ефикасност.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект