Претходна статија
Напредува изградбата на населбата Соравиа Ресорт
Следна статија
Се нуди земјиште под закуп за изградба на ветерници

ЕЛЕМ инвестира 17,3 милиони евра во Брод-Гнеотино

Објавено на 06.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

АД „Електрани на Македонија“ и германската компанија „ТисенКруп“ (ThyssenKrupp AG) денес потпишаа договор за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен во РЕК Битола кој ќе се протега од површинскиот коп Брод–Гнеотино до рудникот Суводол. Главниот транспортен систем ќе биде стационарен и наменет за континуиран транспорт на јагленот од извозната рампа на усекот во новиот површински коп Брод–Гнеотино, до истоварното место на јагленовиот систем на Суводол. Врз основа на извршените анализи избрана е траса на транспортерот со пет секции и вкупна должина од околу 10 километри. Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи процесот на производство во новиот површински коп Брод–Гнеотино, а јагленот од новото наоѓалиште заедно со резервите од постојниот рудник Суводол и од неговата подинска јагленова серија ќе овозможат работа на РЕК Битола во наредните 20 до 25 години.


Инвестицијата е вредна 17,3 милиони евра, а проектот ќе се реализира со финансиска поддршка од германската „Дојче Банк“ (Deutsche Bank AG) која ќе обезбеди кредит од 14,7 милиони евра со период на отплата од 10 години, додека ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра сопствени средства. Набавката и монтажата на опремата ќе се реализира во наредните 12 месеци.