Претходна статија
ИНТЕРВЈУ: Етапа Проект – 20 години архитектонско изразување кое остава печат и порака за своето време
Следна статија
Македонските градежници повторно се отвораат кон странските пазари

Во Штип ќе се гради регионален спортско – рекреативен центар

Објавено на 14.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Центарот за развој на Источниот плански регион денеска публикуваше оглас за изработка на основен проект за регионалниот спортско – рекреативен центар „Брегалница“, кој е предвидено да се гради во Штип во близина на стариот базен во градот. Со добиените финансиски средства од Германското друштво за меѓународна соработка „ГТЗ РЕДЕМ“ ќе се изготви неопходната проектна документација за центарот, во чии рамки е планирано да има тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште, трим – патека и базен. Исто така во план е да се уреди речното корито на реката Брегалница, на потегот од Камениот мост до Ново Село.

 

 

 

Понидите треба да бидат доставени најдоцна до 17 март. Проценетата вредност на зделката изнесува 1.593.800 денари, без вклучен ДДВ. Проектантските услуги ќе треба да бидат реализирани во временски рок од 70 дена, по што локалните власти од градот визуелно ќе ја претстават новата спортска содржина пред штипјани. Финансиските средства за нејзина реализација ќе се бараат преку Бирото за рамномерен регионален развој или преку претстојниот повик за меѓугранична соработка со Бугарија.