Претходна статија
Распишан тендер за плоштадот „ВМРО“
Следна статија
Заврши реконструкцијата на Градската болница „8 Септември“

Обезбедени финансии за довршување на водоводот во Тетово

Објавено на 02.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за животна средина и просторно планирање бара градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на водоводот во Тетово, значаен проект што деценија и пол се влече во административните лавиринти помеѓу општина Тетово и државата. Поголемиот дел од зафатот за изведба на мрежата е комплетиран, а најповолниот понудувач во наредните 24 месеци ќе треба да го догради цевководот од месноста Лешница на Шар Планина до градот, со вкупна должина од 17 километри. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди до надлежното министерство најдоцна до 14 април. Се проценува дека финансиите потребни за целосна изградба на тетовскиот водовод се во висина од околу 1,5 милиони евра.

 

Иако се наоѓа во подножјето на богатата со вода Шар Планина, Тетово долги години мака мачи за да обезбеди вода за пиење на граѓаните. Со изградбата на водоводот е предвидено да се зафатат 200 литри вода од горниот тек на реката Пена, со што ќе се реши горливиот проблем на тетовчани.