Претходна статија
Дополнителна сообраќајна лента на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ долж уште 1.100 метри
Следна статија
Распишан тендер за плоштадот „ВМРО“

Холандски инвеститор гради фабрика за печурки кај Свети Николе

Објавено на 01.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во индустриската зона „Овче Поле“ во близина на Свети Николе денеска беше поставен камен – темелникот на новата фабрика за производство на печурки на холандски инвеститор. Во идниот индустриски објект е предвидено да се вработат 450 лица, и тоа постепено во наредните неколку години. Во првата фаза ќе се вложат 3,5 милиони евра, додека целосната инвестиција во наредните пет години треба да достигне околу 25 милиони евра. Инвестицијата се реализира преку „ИД Балкан“ ДООЕЛ Тетово. Очекувањата се дека изградбата на овој погон ќе привлече нови заинтересирани компании што ќе вложат во оваа индустриска зона. На денешната свеченост присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев и инвеститорот од Холандија Теодорус Ван Кампен.