Претходна статија
Ќе се гради кружен тек на булеварот „Партизански одреди“
Следна статија
Скијачкиот центар на Галичица ќе се гради над кампот „Градиште“

Општина Центар ќе го реконструира паркот во Капиштец

Објавено на 28.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Средишниот зелен простор помеѓу зградите во скопската населба Капиштец ќе прерасне во парк со две фонтани, нова урбана опрема, осветлување и детски игралишта. Локалната власт од Центар распиша тендер за избор на градежна компанија што ќе ги изврши неопходните активности за реконструкција на паркот што се наоѓа помеѓу улиците Народен Фронт и Васил Ѓоргов. Според информациите од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, првичната проценета вредност на зафатот изнесува 25 милиони денари, без вклучен ДДВ. Проектот предвидува да се реконструира постоечкото зеленило од над 20.000 метри квадратни со автоматски систем за полевање и да се изведат нови пешачки патеки со површина од 2.000 метри квадратни. Просторот ќе се осветли, а предвидена е и изведба на две фонтани со подни прскалки.

 

Плановите на општина Центар се целокупниот зафат да се заврши во рок од 12 месеци. Градежните компании треба да ги достават своите понуди за овој проект најдоцна до 18 декември, кога ќе се знае и кој е најповолниот понудувач. Уште од период на нејзината изградба, Капиштец е една од населбите во главниот град со најмал процент на зелени површини на својата територија.