Претходна статија
Македонското собрание ќе блесне во новиот лик до крајот на годинава
Следна статија
Градската власт решена да го смени изгледот на сите објекти во центарот на Скопје

Општина Неготино продаде седум градежни парцели

Објавено на 27.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Објекти од лесната и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намена за мали комерцијални и деловни дејности ќе се градат на локалитетот Криволачино, општина Неготино. Локалната власт на денешното електронско јавно наддавање успеа да ги продаде сите седум парцели за изградба на индустриски погони и четири локации за подигање на индивидуални домови. Цената на продаденото земјиште изнесува од 71 до 251 денари за метар квадратен, при што вкупната површина на продаденото земјиште изнесува 122.215 метри квадратни. Просечната големина на откупените градежните парцели од инвеститорите се движи од 3.865 до 35.840 метри квадратни. Доколку се реализира во целост продажбата од денешната електронска лицитација, во буџетот на општина Неготино и во државниот буџет ќе се слеат 12.141.765 денари (околу 200 илјади евра).

 

По уплатата на финансиските средства и потпишувањето на купопродажните договори, приватните инвеститори ќе имаат рок од девет месеци за да обезбедат одобрение за градење на објектите. Планираните вложувања во индустриските погони треба да се реализираат во законски определениот период од 120 месеци. Локалитетот во кој ќе се сместат новите објекти се наоѓа на два километри од Неготино.