Претходна статија
Раководството на ГТЦ тивко ја подготвува неговата реконструкција
Следна статија
Ќе се поврзе ли Демир Хисар повторно со воз?

Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица тече според предвидената динамика

Објавено на 25.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од вкупно планираните 210, во автопатот Демир Капија – Смоквица досега се инвестирани 46 милиони евра. За оваа сума, грчката компанија „Актор“ изведе една третина од целокупните градежни активности за реализација на проектот. Македонскиот премиер Никола Груевски денеска беше во обиколка на дел од трасата каде во моментов се одвиваат работите. „Досега се пробиени 95 проценти од трасата, значаен дел е веќе тампониран, а мал дел веќе и се асфалтира. Почнува работењето и на мостовите, со што околу една третина од работите се веќе завршени“, изјави Груевски.

 

Двете предложени варијанти за автопатот Демир Капија - Смоквица: усвоена е трасата обележана со жолто, а отфрлената варијанта која го следи постојниот пат е обележана со црвеноРеализацијата на проектот се одвива според предвидениот трошковник за градежните работи. Во наредниот период ќе започне изградбата на мостовите долж трасата, кои ќе повлечат и позначајни финансиски средства. Ако се продолжи со ваквото темпо на работа, тогаш изведбата на овој автопатски сегмент од Коридорот 10 ќе заврши за две години. Делницата Демир Капија – Смоквица ќе претставува автопатско решение со по две ленти во секој правец, широки по 3,5 метри. Во согласност со изработениот проект, долж трасата е предвидено да се изградат два тунела, шест мостови, пет надвозници, седум подвозници, две клучки кај Смоквица и Миравци и контролен центар. Автопатот од Демир Капија до Смоквица започна да се гради во септември 2012 година.