Бронзените скулптури на македонските револуционери Даме Груев и Гоце Делчев од денеска се поставени на Плоштадот Македонија од двете страни на камениот мост. Тие се дело на академскиот вајар Жарко Башевски, а се дел од проектот „Скопје 2014“.