Претходна статија
Скопје ќе се задолжи со 5 милиони евра за подземната сообраќајница
Следна статија
Уште шест станбени згради во Карпош ќе добијат нови фасади

Гасоводот засега ќе стигне само до Штип

Објавено на 21.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Гасоводна мрежа во Македонија (ВИОЛЕТОВО: постоечки гасовод, ЗЕЛЕНО: гасовод Клечовце - Неготино, КАФЕАВО: други планирани гасоводни правци)Наспроти првичното ветување за гасификација на ТЕ „Неготино“ и на Кавадарци, во реалноста рускиот гас засега ќе пристигне само до Штип. Македонското собрание денеска го донесе Законот за изградба на магистралниот гасовод од кумановското село Клечовце до Блок станица 5, во близина на Штип. Според изгласаната легислатива, руската страна е должна да го реализира проектот по принципот „клуч на рака“. Конечната вредност на овој проект изнесува 75 милиони долари, од кои Македонија е должна да обезбеди 15 милиони долари. Останатите финансиски средства произлегуваат од намирувањето на клириншкиот долг во висина од 60 милиони долари од страна на Русија.

 

Магистралниот гасовод ќе биде долг 60,7 километри, во негови рамки влегува изведбата на седум блок станици и отпремна станица, но и други објекти и градежни работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договорот помеѓу македонската и руската страна. Државната компанија „Македонски енергетски ресурси“ ќе биде носител на изградбата на магистралниот гасовод од македонска страна. Реализацијата на овој инфраструктурен проект се пролонгира од година во година веќе подолг временски период, а првичните најави беа дека со проектот ќе се доведе гасот до термоелектраната „Неготино“.