Претходна статија
13,2 милиони евра за системите за наводнување
Следна статија
Поставен камен - темелник на Турскиот театар

Реконструирани патиштата Тетово – Јажинце и Струга – Дебар

Објавено на 18.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Комплетиран е неколкумесечниот реконструктивен зафат на регионалниот пат Тетово – Јажинце. На овој патен правец со должина од 16,5 километри и ширина на коловозот од  7,1 метри е поставен нов асфалтен слој. Оваа инвестиција во вредност од 150 милиони денари (над 2,4 милиони евра) е дел од владината програма за изградба и реконструкција на македонската патна инфраструктура за минатата година, во која беа вложени околу 100 милиони евра. Градежните работи ги изведе компанијата „Бетон“ од Скопје. Реализацијата на овој проект започна во текот на јули минатата година. Покрај патот Тетово – Јажинце и неколку локални патни правци, во 2014 година ќе продолжи реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Гостивар.

 

* Регионален пат Струга – Дебар

 

 

Денеска беше свечено отворен за сообраќај и реконструираниот пат Струга – Дебар во должина од 50,9 километри. Во овој проект се вложени 580 милиони денари (9,4 милиони евра) преку кредитна линија на Светската банка и од државниот буџет. Рехабилитација на овој регионален патен правец се одвиваше во две фази, и тоа првата во периодот од 2009 до 2012 година, кога се санираа 24,2 километри, додека минатата година беа довршени преостанатите 26,7 километри. Со зафатот е поставена нова сообраќајна сигнализација, а беше санирано и свлечиштето на оваа делница. Градежните работи од втората фаза ги изведе компанијата „Илинден“ од Струга.

 

Според податоците на Агенцијата за државни патишта, во текот на 2013 година се изградени или реконструирани 14 магистрални и регионални патни правци со должина од 148,5 километри и дополнителни 145 километри локални патишта низ целата територија на Македонија.