Претходна статија
Владата ќе продолжи со постапката за изградба на „Луково поле“ и „Бошков мост“
Следна статија
Државно земјиште во центарот на Скопје продадено за само 3.290 евра

Италијански „Итек“ прв ќе гради фабрика во ТИРЗ Тетово

Објавено на 16.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Три месеци по поставувањето на камен – темелникот, тетовската слободна економска зона го доби и првиот инвеститор. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида денеска потпиша договор со директорот на италијанската компанија „Итек“ за изградба на производствен погон со површина од 6.000 метри квадратни. Италијанците ќе инвестираат 5 милиони евра преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“. Изградбата на фабриката треба да почне наскоро, а инвеститорот во првите две години од нејзиното функционирање планира да вработи 150 вработени. Во индустрискиот објект ќе се произведуваат композитни материјали.

 

Паралелно со потпишувањето договори, норвешкиот конзорциум „Нормак инвестмент груп“ ја започна изградбата на неопходната инфраструктура во индустриската зона, која ќе треба да се поврзе со автопатот Скопје – Тетово. Целокупната површина на зоната е над 97 хектари. ТИРЗ Тетово е првата слободна економска зона во земјава што ќе се развива по пат на јавно – приватно партнерство. Норвешкиот концесионер го доби огромниот простор на располагање за наредните 96 години, тој ќе треба да привлече странски компании за изградба на индустриски објекти, при што на државата ќе и уплаќа надоместок за управување на земјиштето.

 

 

» Форумска дискусија за ТИРЗ Тетово