Претходна статија
Уште еден тендер за изградба на скопскиот трамвај
Следна статија
Владата ќе продолжи со постапката за изградба на „Луково поле“ и „Бошков мост“

Реконструкцијата на пругата од Битола кон Грција ќе почне годинава

Објавено на 16.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Европската Комисија го одобри почетокот на реализацијата на проектот за реконструкција на пругата од Битола до границата до Грција, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. По оваа одлука, треба да почне постапката за избор на градежна компанија што ќе ја рехабилитира железничката делница во должина од 17 километри. Инвестицијата во овој проект изнесува околу 10 милиони евра, а истата ќе се финансира преку искористување средства од претпристапните ИПА фондови на Европската унија. Оваа значајна делница од паневропскиот Коридор 10д е затворена за сообраќај уште од 1986 година. Со нејзината реконструкција ќе се овозможи движење на возовите со максимална брзина од 100 километри на час.

 

По изборот на компанија што ќе гради, кон средината на 2014 година треба да започне и долгонајавуваната реконструкција на пругата. Рокот за целосно завршување на проектот изнесува две години, по што Пелагонискиот регион ќе се поврзе со воз до Солун и тамошното пристаниште. Оваа пруга е од исклучително значење за натамошниот развој на битолската индустриска зона „Жабени“, кон која е предвидена и изградба на индустриски колосек за непречено одвивање на железничкиот товарен сообраќај.

 

 

» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица