Претходна статија
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип влегува во инвестициски циклус
Следна статија
Кичево конечно ќе ја добие болницата што ја чека со децении

Со електрични автомобили ќе се разгледува центарот на Скопје

Објавено на 08.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ од Скопје распиша оглас за купување на пет електрични автомобили за разгледување на централното градско подрачје. Според информациите објавени во денешното издание на весникот „Вест“, тие ќе можат да се изнајмуваат во центарот на Скопје, но и ќе можат да се користат со помош на возачи, кои истовремено на туристите ќе им бидат и водичи низ градот.  Електричните автомобили ќе се стават во функција од 1 април, датум кога традиционално започнува и изнајмувањето на велосипеди од проектот „Скопје изнајми велосипед“. Во текот на јули годинава ќе бидат набавени уште пет вакви возила. Цената за изнајмување дополнително ќе се утврди од страна на Ј.П. „Градски паркинг“, а заинтересираните лица ќе можат да ги користат секој ден од 10 до 23 часот.

 

 

 

И покрај оваа позитивна иницијатива, сепак останува фактот дека македонската метропола сè уште ја нема потребната инфраструктура за воведување на електричниот автомобил во масовна употреба. Минатата година за прв пат се објави идеја за поставување на полначи за електрични возила на пет локации во центарот на Скопје, но ваквата замисла на Агенцијата за енергетика, Општина Центар и Ј.П. „Паркинзи на општина Центар“ не се реализираше. За разлика од Македонија, во поголемите европски градови уште пред неколку години се изгради неопходната инфраструктура за проекти од овој вид. Неопходноста од нивна изведба е едноставна, едно електрично возило може да помине извесен број километри, по што акумулаторот на истото мора да се наполни.