Претходна статија
За три години Скопје ќе има современ Клинички центар
Следна статија
Град Скопје продолжува да работи на реализација на плоштадот „ВМРО“

За катната гаража кај „Беко“ ќе се потрошат нови 1,1 милиони евра

Објавено на 02.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на катни гаражи продолжува да испумпува огромни финансиски средства од буџетот на главниот град. На градежната компанија „Бетон“ од Скопје ќе и бидат исплатени нови 69.619.516 денари или над 1,1 милиони евра за изведба на дополнителни и непредвидени работи на катната гаража кај „Беко“ во центарот на градот, кои според објавеното образложение на веб – страницата на Бирото за јавни набавки се„неопходни за успешна реализација на предметот на договорот и без кои објектот нема да биде во функција“. Договорот е потпишан со преговарање без претходно објавување на оглас, при што скопски „Бетон“ треба да ги заврши неочекуваните градежни активности во период од 304 денови.

 

 

 

Иако конечната финансиска конструкција на овој проект е непозната, извесно е дека неговата изградба го чини градскиот буџет повеќе од првично предвидените 850 милиони денари или околу 14 милиони евра. Покрај надминувањето на цената, доцни и изградбата на оваа катна гаража. Наместо да биде пуштена во употреба во првата половина на 2013 година, од ситуацијата на терен е евидентно дека треба да се довршат уште многу фази пред објектот да биде ставен во функција за граѓаните. Една од причините за доцнење на неговата реализација е и банкротот на хрватската компанија „Конструктор инженеринг“, која првично беше избрана како најповолен понудувач за изведба на објектот.

 

Катната гаража треба да се издигне во висина од 23 метри и да се состои од две подземни и седум надземни нивоа. Капацитетот за паркирање во нејзини рамки ќе изнесува 605 автомобили и 105 велосипеди. Покрај објектот, треба да се изведе и пристапна сообраќајница до планираниот простор за паркирање. Катната гаража кај „Беко“ започна да се гради во мај 2011 година.