Претходна статија
По две години доцнење, граничниот премин Блаце пуштен во употреба
Следна статија
Плоштадот „Скендербег“ ќе биде завршен во 2014 година

„Скопје 2014“ пристигна и во Маџир Маало

Објавено на 28.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На просторот на кој е предвиден хотелот, во минатото неколку пати беа сместувани циркусите кои гостуваа во СкопјеВо близина на трошните куќи и неасфалтираните улици во Маџир Маало ќе се гради нов хотел со приземје, седум ката и поткровје [»мапа]. Државата продава парцела покрај булеварот Кузман Јосифовски Питу со површина од 2.855 метри квадратни на која е предвидено да никне објект со максимална висина од 29 метри и 15.979 метри квадратни вкупна површина. Како и во неколку наврати досега, Министерството за транспорт кое ја спроведува продажбата го задолжува идниот купувач на земјиштето надворешен изглед на објектот да биде налик на проектот „Скопје 2014“. Во овој случај, се бара фасадата да биде во еден од следните стилови: барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам. Во рамките на хотелот е предвиден и подземен паркинг простор.

 

Почетната цена на ова земјиште во општина Центар изнесува 61 денари за метар квадратен. Пријавите за учество, заедно со доказ дека годишниот обрт на компанијата не е помал од 15 милиони евра во 2012 година, треба да се достават најдоцна до 10 јануари 2014 година. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 16 јануари. Отуѓувањето на парцелите во општина Центар веќе подолго време е тема на дискусија помеѓу советниците во оваа општина, која не може да ја отпочне постапката за преземање на надлежностите за управување со градежното земјиште од Министерството за транспорт и врски.