Претходна статија
Близу хидроелектраната „Козјак“ ќе никне викенд населба
Следна статија
„Сектрон“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2013 година

Се продолжува рокот за апликација за откуп на дворното место

Објавено на 21.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонските граѓани ќе имаат рок до октомври 2014 година да поднесат барање за откуп на дворното место од нивните објекти. Владата на денешната седница го прифати предлогот за продолжување на рокот за приватизација на дворовите за дополнителни девет месеци. Предвидено е измените на законот да се усвојат од македонското собрание во јануари 2014 година, по што истите ќе стапат во сила. Заедно со ова ново оддолжување, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес напомена дека ова е последна шанса за сите заинтересирани граѓани да го решат овој нивен проблем. Одлуката е донесена со цел да им се даде можност на граѓаните да можат да поднесат апликација за откуп на дворното место.

 

Првичниот рок за реализација на овој проект беше до крајот на 2011, а потоа истиот беше продолжен до декември 2012 година. Оние граѓани што нема да достават барање за приватизација на земјиштето ќе мора да склучат договор за закуп, според кој тие ќе мора да уплаќаат финансиски средства за негово користење на државата и на локалните самоуправи. „Само во периодот кога тој проект го објавивме, од септември 2009 па заклучно со крајниот рок што беше за поднесување на барање за откуп на дворното земјиште до 31 декември 2012 година, поднесени се вкупно 162.024 барања за приватизација на дворното место. Од почетокот, значи од 2005 вкупно се поднесени 233.971 барање“, изјави министерот Ставрески.