Претходна статија
Поголема потрошувачка на струја и гас во 2014 година
Следна статија
По примерот на Енергетскиот пасош, потребно е воведување и на Акустичен пасош за објектите

Нови 52 милиони денари за катната гаража кај „Работнички дом“

Објавено на 13.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) потпиша уште еден договор со скопски „Бетон“ за изведба на дополнителни работи за довршување на започнатата катна гаража кај „Работничкиот дом“ во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Невкалкулираните активности во првичниот договор вклучуваат нови работи произлезени од проектот за трафостаница и вишок количини на арматура, се наведува на веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Со договорот е предвидена исплата на финансиски средства во висина од 52.448.075 денари или над 850 илјади евра. Времетраењето на договорот изнесува 150 дена.

 

#Покрај дополнителните договори, може да се констатира и доцнење на изведбата на овој проект. Гаражниот објект со девет надземни и еден подземен кат во моментов е доведен на ниво на карабина, иако на почетокот на неговата изградба во септември 2011 година се ветуваше дека истиот ќе биде завршен најдоцна за две години. Планираниот капацитет е 516 возила на површина од 20.000 метри квадратни, а дополнителни 3.000 метри квадратни на пет нивоа се предвидени за деловен простор. Проектот го изработи „Иванов инженеринг“ од Битола.