Претходна статија
Зонското паркирање од наредната година и во Струмица
Следна статија
Продадено државно градежно земјиште во општина Петровец

Ќе се изработува проект за новата општинска зграда во Куманово

Објавено на 10.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фирмата „Слемепроект“ од Штип е најповолен понудувач за изготвување на главниот проект со сите фази за идниот административно – деловен комплекс во Куманово. Во договорот потпишан помеѓу оваа фирма и Центарот за развој на Североисточниот плански регион е предвидено за услугата да бидат исплатени 2.619.600 денари, односно околу 42 илјади евра. Проектната документација треба да биде изготвена во рок од два месеци, и тоа врз основа на веќе избраното идејно решение од пред една и пол година. По нејзинота изработка, треба да следува и фазата за избор на приватен инвеститор кој ќе учествува во овој проект на општина Куманово.

 

 

 

Преку планираното јавно – приватно партнерство ќе треба да се заврши административниот простор за локалната самоуправа, при што остатокот од површината на објектот ќе биде отстапен на приватниот партнер. Зданието со приземје и шест ката е предвидено да има површина од 13.208 метри квадратни. Од нив, околу 7.000 метри квадратни ќе и припаднат на локалната власт од Куманово и на подрачните министерства, додека останатиот простор е планиран за приватниот инвеститор.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект