Претходна статија
Следува проширување на уште 1,1 километар од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов
Следна статија
Остар пад на бројот на предвидени станови во текот на октомври

Новата Универзална сала ќе има форма на јајце

Објавено на 04.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорката на Универзална сала Вера Бошковска денеска го претставија победничкото идејно решение според кое ќе се гради новиот објект на Универзалната сала во Скопје [»мапа]. Избраниот труд со јајцевидна форма го изработи архитектонското студио „Стоун дизајн“. Со замислата на нејзините автори се нагласува современиот архитектонски пристап за идното здание.

 

Победничкиот труд на „Стоун Дизајн“Победничкиот труд на „Стоун Дизајн“Победничкиот труд на „Стоун Дизајн“Победничкиот труд на „Стоун Дизајн“

 

 

На конкурсот со свои трудови учествуваа 10 учесници, а изборот го изврши стручна комисија во состав: арх. Вангел Божиновски (претседател), проф. д-р Коста Мангаровски, проф. д-р Миле Димитровски, проф. д-р Сони Петровски, проф. д-р Владимир Арсовски, Александар Јанакиевски, Вера Бошковска, Владимир Попоски и Маријана Ристевска. По разгледувањето на пристигнатите трудови комисијата додели 5 награди, меѓу кои и на едно барокно решение. Според образложението на комисијата, победничкиот проект како визура не е нова за скопскиот амбиент, но е во рамките на светскиот тренд и содржи специфики кои би биле македонски придонес кон оваа архитектонска тема.

 

Новиот мултифункционален објект ќе има две сали: голема сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта и мала сала за помали камерни изведби со капацитет од 200 до 300 седишта. Овие сали ќе бидат соодветно, акустички и организациски издвоени, односно во двете сали ќе може истовремено да се одржуваат различни настани. Во рамките на идниот објект е предвиден и административен простор за вработените од оваа установа. Министерството за култура во следната фаза од реализацијата на проектот ќе спроведе јавна набавка за обезбедување на комплетната проектна документација, на која ќе имаат можност да учествуваат сите други правни и физички лица што ги исполнуваат пропишаните законски услови за вршење ваков вид работи.

 

Универзалната Сала во моментов располага со гледалиште со капацитет од 1.500 седишта, изложбен простор во холот на салата во должина од 70 метри, прирачни бифеа, бифе за коктели и промоции со капацитет до 80 посетители, мала сцена со капацитет до 300 седишта и сценски простор кој овозможува повеќе варијанти на користење на сцената со вкупна површина од 400 метри квадратни.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект