Претходна статија
Проектот „Наоди“ ќе ја претставува Македонија на Венециското биенале на архитектура
Следна статија
Новата Универзална сала ќе има форма на јајце

Следува проширување на уште 1,1 километар од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов

Објавено на 04.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градежната компанија „Трансмет“ од Скопје ќе ја реализира реконструкцијата и проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосницата кај булеварот 8-ми септември до улицата Московска кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Градот Скопје потпиша договор за остварување на третата фаза од овој проект, која вклучува проширување на сообраќајницата во должина од 1.150 метри. Постоечката траса на Митрополит Теодосиј Гологанов ќе прерасне во булевар со по две коловозни ленти во секој правец, нови пешачки патеки и улично осветлување. За оваа намена на фирмата „Трансмет“ ќе и бидат исплатени 80.976.055 денари, односно над 1,3 милиони евра. Во согласност со склучениот договор, рокот за реализација е шест месеци. Основниот проект за овој зафат го изработи фирмата „Чакар Партнерс“ од Скопје.

 

Градот Скопје досега комплетираше две фази од проширувањето на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Во октомври 2012 година беше отворена за сообраќај делницата помеѓу крстосницата со улицата Франклин Рузвелт и крстосницата со булеварот 8-ми Септември во должина од 750 метри. На крајот од 2011 година беше пуштен во употреба првиот проширен сегмент на потегот помеѓу улиците Франклин Рузвелт и Костурски херои.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект