Претходна статија
Изложба и промоција на Архитектонски водич низ Невидливо Скопје
Следна статија
Никој не е заинтересиран за инвестирање на просторот на поранешната касарна „Илинден“

Приватен здравствен објект ќе никне до Градската болница „8 Септември“

Објавено на 02.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт од Карпош објави оглас за продажба на државно градежно земјиште за изградба на приватна здравствена установа, со компатибилни класи на намена за хотелски комплекс, мали комерцијални и деловни дејности и за спорт и рекреација. Парцелата со површина од 11.207 метри квадратни е лоцирана во кругот на Градската болница „8 Септември“ (поранешната Воена болница). Приватниот здравствен комплекс ќе се состои од приземје и пет ката и ќе биде, со максимална висина од 21 метри. Почетната цена на земјиштето изнесува 2.780 денари за метар квадратен, со задолжителен депозит за учество на електронската лицитација во износ од 3.300.000 денари.

 

Заинтересираните компании треба да достават банкарска гаранција во висина од 30.000 евра за сериозност на доставената понуда за купување на земјиштето. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 30 декември, а неговото оддржување е закажано на 3 јануари 2014 година. Најповолниот понудувач ќе биде должен да приложи банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 30.000 евра. Идниот инвеститор на приватната болница ќе треба да обезбеди градежна дозвола во рок од 12 месеци од солемнизацијата на договорот за купопродажба на парцелата, при што објектот треба да биде завршен во временски период од шест години од добивањето на одобрението за градење.