Претходна статија
Јавен градски превоз ќе се воведе и во Кочани
Следна статија
Скопски „Енергосистем“ ќе работи на проектот за топлификација на Битола

Ново основно училиште во скопски Чаир

Објавено на 21.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити денеска го свечено го отворија новото основно училиште „Битолски конгрес“ („Конгреси и Манастирит“) во населбата Чаир. Образовниот објект со два ката и со површина од 6.000 метри квадратни ќе може да прими до 900 ученици во една смена, и тоа во 23 училници, 18 кабинети и 10 канцелариски простории. Од државниот буџет за неговата изградба беа издвоени 110 милиони денари или околу 1,8 милиони евра. „Со изградбата на новото училиште ќе се излезе во пресрет на потребите на голем број ученици кои во изминатите години одеа во околните училишта, со цел да ги избегнат условите во старите дотраени бараки на старото училиште“, истакна во својот говор премиерот Груевски.

 


* извор: Општина Чаир

 

 

Основното училиште во општина Чаир започна да се гради во текот на 2009 година. Основците досега посетуваа настава во старите и дотраени бараки на изградени по Скопскиот земјотрес во 1964 година.