Претходна статија
Скопски „Енергосистем“ ќе работи на проектот за топлификација на Битола
Следна статија
Голем откупен центар за земјоделски производи ќе се гради во Преспа

Карпош сака да гради катна гаража кај СЦ „Борис Трајковски“

Објавено на 22.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Локалната власт од Карпош објави оглас за продажба на градежно земјиште со големина од 4.966 метри квадратни за изградба на гаража со повеќе нивоа во населбата Карпош 3. Според ДУП за УБ Карпош 3 „Трговско спортски центар“, зацртано е објектот да има максимална површина од 9.233 метри квадратни и висина од седум метри, да има две подземни нивоа, приземје и еден кат, со вкупно 740 паркинг места. Објектот ќе го гради приватен инвеститор, кој ќе понуди највисока цена за градежната парцела.

 

Почетната цена за продажба на земјиштето изнесува 5.600 денари за метар квадратен, додека депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува три милиони денари. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 23 декември, а наддавањето е предвидено да се одржи на 27 декември. Најповолниот понудувач ќе има обврска да се стекне со градежна дозвола во рок од девет месеци од солемнизацијата на договорот, а катната гаража ќе треба да ја изгради во период не подолг од пет години од добивањето на одобрението за градба.