Претходна статија
Нова катна гаража ќе се гради до Зелен пазар
Следна статија
Ќе се ревитализира црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Скопските „Бетон“ и „Гранит“ со зголемена добивка во 2013 година

Објавено на 14.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По објавените податоци на Државниот завод за статистика дека градежништвото годинава бележи значаен пораст, како поткрепа на ваквите тврдења доаѓаат и денешните соопштенија на градежните компании „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје за зголемена добивка во првите девет месеци од 2013 година. „Во периодот од 01.01.2013 до 30.09.2013 година ГД „Бетон“ АД Скопје искажа позитивен финансиски резултат остварувајќи добивка во вкупен износ од 39.760.832 денари што е за 9,8% поголема во однос на добивката остварена истиот период од минатата година“, се наведува во документот објавен на веб – страницата на Македонска берза. Остварените вкупни приходи во износ од 1.884.054.439 денари бележат раст од 12,44% во споредба со остварените приходи заклучно со 30.9.2012 година. Во првите девет месеци се направени расходи во висина од 1.844.293.607 денари или за 12,48% повеќе во однос на истиот период лани.

 

Позитивно работење бележи и скопски „Гранит“. Профитот на компанијата во првите девет месеци од 2013 година изнесува 265.764.000 денари, што претставува зголемување од 2% во споредба со идентичниот период од минатата година. Огромен пораст на добивката од 70% е забележан во третото тримесечје од 2013 година. Според неконсолидираниот биланс на успех, оперативните приходи во периодот јануари – септември 2013 година изнесувале 3.756.516.000 денари или за 2% повеќе во однос на 2012 година. Вкупните расходи на компанијата се во висина од 3.513.494.000 денари.