Претходна статија
Свети Николе и Пробиштип се поврзаа со нов регионален пат
Следна статија
Нова зграда ќе никне на местото на Геолошкиот завод

На пругата од Битола кон Грција се превезуваат неисполнети ветувања

Објавено на 11.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо да се оствари најавената санација и да се пушти во сообраќај, пругата од Битола до границата со Грција сè уште не е употреблива. Наспроти ветувањето од пред три години дека преку неа ќе се транспортираат стоки уште во текот на 2014 година, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во последната изјава за медиумите рече дека нејзината реконструкција ќе почне кон средината на наредната година и ќе заврши во рок од две години. Неопходните градежни работи на оваа делница од Коридорот 10д се одложуваат од година во година, а последните информации се дека проектната документација е комплетирана и извршена е нејзина ревизија.

 

Финансиските средства во висина од 10 милиони евра за реализација на проектот ќе бидат обезбедени од европските ИПА фондови. Ако се исполни ветувањето, тогаш возовите би сообраќале по оваа делница со максимална брзина од 100 километри на час. Компаниите од пелагонискиот регион се принудени да го користат поскапиот превоз со камиони, бидејќи железничката врска кон солунското пристаниште им е затворена. Со железнички колосек треба да се поврзе и индустриската зона Жабени, со што би се зголемила нејзината атрактивноста кај странските компании. Пред помалку од еден месец, во зоната беше отворена и првата поголема фабрика на „Кромберг и Шуберт“. Во минатото, жителите на Битола биле поврзани со Грција и со патнички возови што сообраќале по оваа пруга.

 

 

» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица