Претходна статија
На ред дојде и промената на фасадите на објектите во центарот на Скопје
Следна статија
Свети Николе и Пробиштип се поврзаа со нов регионален пат

Скопскиот Клинички центар од денеска се затоплува на гас

Објавено на 10.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Гасификација на скопскиот Клинички центар е завршена, централното градско подрачје во иднина нема да се гуши од испуштените честички сулфур диоксид од работењето на постоечката топлана. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска и официјално ја пушти во употреба гасоводната мрежа во должина од 1,5 километри и новите комбинирани котли за добивање топлинска енергија од природен гас. Како последица на употребата на мазутот за затоплување, во воздухот годишно се испуштаа околу 100 тони сулфур диоксид, со што Клиничкиот центар се вбројуваше во еден од главните загадувачи на центарот на Скопје. Според министерот Тодоров, со користењето на гасот ќе се намалат трошоците за греење за минимум 40%.

 

Во овој проект се вложени 48 милиони денари од страна на Министерството за здравство и од Клиничкиот центар. Градежните работи започнаа на средината од јули годинава.