Претходна статија
Камен темелник за ТИРЗ Тетово, по втор пат
Следна статија
На ред дојде и промената на фасадите на објектите во центарот на Скопје

Градскиот буџет на Скопје за догодина тежок речиси 90 милиони евра

Објавено на 08.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Катна гаража БекоГрадот Скопје во текот на наредната година најмногу пари ќе издвои за довршување на изградбата на катните гаражи „Даме Груев“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и за изведба на барокни фасади на постоечки објекти во централното градско подрачје. За изградба и надзор на објектот „Беко“ се предвидени 3.284.552 евра, но и дополнителни 3.447.154 евра од кредити. За катната гаража „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе се одвојат 1.487.804 евра. Изведбата на нови фасади во центарот на Скопје ќе чини 1.398.373 евра, или речиси идентично на сумата што е планирана да се издвои за реконструкција и проширување на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Карпош, „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел и првите две фази од „Трета Македонска бригада“ во општина Аеродром.

 

За третата фаза од проширувањето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се предвидени средства во износ од 406.504 евра, а истата сума е зацртана и за „Христијан Тодоровски Карпош“. За подземната сообраќајница во центарот на Скопје ќе се издвојат 480.804 евра од градската каса, 975.609 евра од кредити и исто толку треба да бидат обезбедени од државниот буџет. Како позначајни зафати што ќе се остварат наредната година е и реконструкцијата на улицата „Јордан Мијалков“.

 

Панорамско тркало на ВардарОд идниот градски буџет ќе се потрошат речиси половина милион евра за изработка на проект за Панорамското тркало на реката Вардар, додека за изградба и надзор на Градската куќа се планирани 84.552 евра. Консултантски услуги за ски – патеката на Водно и за скопскиот трамвај ќе се чинат околу 65 илјади евра, а за изградба на трамвајски линии и депо, како и купување на вагони, од буџетот ќе се издвојат 81.300 евра. Предлог – буџетот на Град Скопје за 2014 година изнесува вкупно 5.486.161.985 денари и е за 1,4% поголем во споредба со овогодинешниот буџет. Советот на Град Скопје денеска го усвои овој документ, иако советниците од опозициската партија СДСМ преку прес – конференција истакнаа дека нема да го поддржат неговото донесување.