Претходна статија
Втор тендер за подземната сообраќајница во центарот на Скопје
Следна статија
Се бара приватен инвеститор за катните гаражи во Клиничкиот центар

НАТО ќе реконструира уште 13 мостови на автопатот Велес – Катланово

Објавено на 06.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започнаа градежните работи за санација на 13 мостовски конструкции на автопатската делница од Велес до Катланово. Зафатот е дел од третата фаза на проектот „Санација и зајакнување на мостови на Коридор 10“, во чии рамки веќе беа реконструирани 51 мостови со должина од 4.090 метри и во кој беа инвестирани 22,5 милиони евра. Како и досега, финансиските средства во износ од околу 8,6 милиони евра ќе ги обезбеди НАТО. Активностите во оваа фаза ќе завршат најдоцна до септември 2015 година. Процесот за реконструкција на мостовите ќе се одвива речиси паралелно со санацијата на коловозот на делницата од Велес до Катланово во должина од 23,5 километри, за која веќе е распишан тендер на интернет – страницата на Европската Унија.

 


* Постојната состојба на коловозот и мостовите на автопатот Велес-Катланово

 

 

Овој проект е особено значаен ако се земе во предвид фактот дека мостовите се градени по стари стандарди во шеесетите години на минатиот век, додека претстојната санација ќе биде извршена по највисоките европски критериуми. НАТО уште пред неколку години се обврза да ги санира мостовите долж патниот Коридор 10, кој силите од косовската мисија на алијансата – КФОР веќе 14 години го користат како транспортна рута за поддршка и снабдување на операцијата во Косово. Проектот започна да се спроведува во 2006 година.