Претходна статија
Ќе се изготвува проект за модернизација на првиот блок од ТЕ Битола
Следна статија
НАТО ќе реконструира уште 13 мостови на автопатот Велес - Катланово

Втор тендер за подземната сообраќајница во центарот на Скопје

Објавено на 05.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градот Скопје денеска го објави вториот тендер за изградба на подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“. По неуспешниот прв обид за избор на изведувач во септември годинава, градската управа преку нова објава бара градежна компанија за реализација на поврзувањето на булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ со булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ во должина од 1.300 метри, од кои 900 метри треба да бидат под земја. Минималните критериуми за учество на тендерот се позитивно финансиско работење во последните три години и остварени вкупни приходи во износ од најмалку 90 милиони евра во периодот од 2010 до 2012 година. Вториот по ред тендер е отворен за доставување на понуди најдоцна до 21 јануари 2014 година.

 

На почетокот од септември годинава беше поништен првиот тендер од страна на Град Скопје, поради скапите понуди што ги доставија градежните компании. Градоначалникот Коце Трајановски тогаш најави дека ќе има втор тендер, на кој тој очекува да бидат доставени понуди пониски за 10 до 20 отсто. Според проектната документација, изградбата на подземната сообраќајница би требала да чини околу 51 милиони евра. Првиот тендер за изведба на овој проект беше распишан во јануари годинава.

 

 

» Форумска дискусија за предложената подземна сообраќајница помеѓу булеварот Кузман Јосифовски Питу и булеварот Илинден