Претходна статија
Гасифицирана топланата Запад
Следна статија
Ќе се покрива сцената на Долни Сарај во Охрид

Шопинг центри, хотел и фабрики во кумановско Горно Коњаре

Објавено на 04.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт од Куманово деновиве распиша оглас за продажба на пет градежни парцели на кои е предвидена изградба на два големи трговски центри, хотел и две фабрики од лесна и незагадувачка индустрија во атарот на селото Горно Коњаре. На домашните и на странските инвеститори им се нудат две парцели со површини од 8.685 и од 3.403 метри квадратни наменети за шопинг центри со приземје и два ката, парцела со површина од 9.124 метри квадратни за хотелски комплекс со висина од 12 метри и две парцели со површини од 16.835 и од 16.485 метри квадратни за изградба на производствени погони од областа на лесната и незагадувачка индустрија. Вкупната големина на огласеното земјиште изнесува 54.532 метри квадратни.

 

Почетната цена за земјиштето на кое треба да се градат трговските центри е 800 денари за метар квадратен, додека останатите парцели се нудат по цена од 283 денари за метар квадратен. Покрај пријава за учество, заинтересираните субјекти најдоцна до 5 декември ќе треба да достават и банкарска гаранција во висина од 5.000 евра за сериозност на понудената сума. Електронското јавно наддавање за петте парцели ќе се одржи на 12 и на 13 декември.