Претходна статија
И во Македонска Каменица ќе никне индустриска зона
Следна статија
Ќе има нов тендер за довршување на зградата на „Водовод и канализација“ под Скопското кале

Американската амбасада за комшии ќе добие две културни зданија

Објавено на 21.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државата продава две градежни парцели на улицата „Самоилова“, во близина на американската амбасада во Скопје. Според објавениот оглас, приватни инвеститори на овие локации на Скопското кале, на потегот помеѓу Француските гробишта и Музејот на современа уметност, ќе градат два објекти од областа на културата – едниот со приземје и три ката, додека вториот со приземје и два ката. Понудените парцели се со површина од 3.023 и 1.261 метри квадратни, а почетната цена на лицитацијата ќе изнесува 1.400 денари за метар квадратен. Досега, ниту еден приватен инвеститор не пројавил интерес во јавноста за изградба на културни зданија на Скопското кале.

 

#Оние што ќе се одлучат за купување на една од локациите пред почетокот на реализацијата на нивните проекти ќе мора да извршат археолошки истражувања, но истовремено со проектната документација ќе треба да ја решат и потребата за паркинг – простор во рамките на самата парцела, преку изведба на надземен или подземен паркинг. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 20 ноември, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 27 ноември. Заедно со пријавите, заинтересираните инвеститори ќе мора да достават и банкарска гаранција во износ од 10.000 евра за сериозност на понудата. По завршувањето на постапката за отуѓување, најповолниот понудувач ќе треба да обезбеди одобрение за градење од општина Центар во временски период од девет месец од солемнизацијата на договорот.