Граѓаните треба самите да преземат чекори за вистинска енергетска сигурност на своите домаќинства. Наместо да се чека на спроведување на националните стандарди за заштеда на енергија и постојано да се упатуваат жалби за недоволно затоплени домови, секое домаќинство пред почетокот на грејната сезона треба да ги разгледа сите можни опции што ги нуди македонскиот пазар за греење во индивидуална режија. Камини на пелети и на дрва, шпорети за централно греење, инвертер клима-уреди се дел од понудените солуции што им стојат на располагање на граѓаните за намалувањето на износот на сметките за парно, но и за обезбедување сигурна топлина во оние периоди од денот кога навистина е потребно.
Покрај семејното инвестирање во нови топлински уреди, од исклучително значење за намалување на потрошувачката на енергија и за осигурување на повисоки температури во домовите е имплементирањето на мерки за топлинска изолација. Поставувањето на енергетски ефикасни прозорци, изведувањето на термофасади и вградувањето на изолациони материјали во објектите се симболични инвестициски циклуси што се од полза за граѓаните. Продажбата на топлински уреди и изолациони материјали во земјава е во постојан пораст, а од неодамна секоја индивидуа преку интернет може и самата да се снабди со неопходниот производ на едноставен начин.
MarketKonekt преку својот онлајн-маркет ја лансираше кампањата „Стопли се и заштеди“ преку која на граѓаните им нуди алтернативни и традиционални уреди за греење и термоизолациони материјали по намалени цени и до 20%. Преку оваа интернет-страница, граѓаните можат едноставно да ги пронајдат компаниите што нудат ваков вид на производи, но и да си обезбедат попусти од нив на посакуваните уреди и материјали што се неопходни за сигурна и економична грејна сезона.