Претходна статија
Распишан тендер за довршување на Филхармонијата
Следна статија
Значителен пад кај предвидените станови за градба во текот на август

„Текнохосе“ гради уште еден погон во Бунарџик

Објавено на 07.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Постојниот погон на „Текнохосе“ во ТИРЗ „Скопје 1Италијанската компанија „Текнохосе“ денеска започна со изградба на вториот свој објект во Технолошко – индустриската развојна зона „Скопје 1“ кај Бунарџик, во кој ќе се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок. Се работи за инвестиција во висина од 11 милиони евра која треба да се реализира до декември 2014 година. Новиот објект ќе има површина од 12.000 метри квадратни од кои 8.500 ќе бидат наменети за производство, 3.500 ќе бидат магацински простор, а предвидени се и две рампи за утовар. Изведувач на градежните работи е фирмата „Актива ДОО Штип“

 

Во октомври минатата година започна со работа првиот погон на „Текнохосе“ во Бунарџик со површина од 3.000 метри квадратни, сместен на парцела од 2,7 хектари. Оваа инвестиција беше во вредност од пет милиони евра и вработи 35 лица. Со новата инвестиција компанијата во ТИРЗ „Скопје 1“ ќе располага вкупно со четири хектари земјиште, а дневното производство до почетокот на 2015 година ќе се зголеми од сегашните 15.000 на 45.000 метри армирани гумени црева. Бројот на вработени се најавува дека ќе порасне за нови 150 лица.

 

„Текнохосе“ е членка на Групацијата „Витило“, а во државава е регистрирана под името „Витек Македонија“. Групацијата има годишен обрт од 36 милиони евра и поседува шест фабрики во Италија со околу 200 вработени. Се занимава со производство на хидраулични спојки под висок притисок и армирани гумени црева за автомобилската индустрија и за поширока употреба.