Претходна статија
„Пелагонија“ од Гостивар ќе ја проширува улицата „Јордан Мијалков“
Следна статија
„Текнохосе“ гради уште еден погон во Бунарџик

Распишан тендер за довршување на Филхармонијата

Објавено на 04.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за култура денеска објави тендер за довршување на објектот „Македонска филхармонија“ во центарот на Скопје. На зданието што остана недовршено по банкротот на австриската градежна компанија „Алпине Бау“ треба да се изведат градежни и градежно – занаетчиски работи, поточно затворената карабина на градбата. Во тендерската документација е предвидено периодот за завршување активностите да изнесува осум месеци. Градежните компании што планираат да учествуваат на тендерот треба да го исполнат критериумот за остварен вкупен приход од минимум 10 милиони евра во последните три години. Истите треба да ги достават своите понуди најдоцна до 19 ноември.

 

Според објавените податоци во отчетот на Министерството за култура, во објектот „Македонска филхармонија“ досега се инвестирани 7.410.000 евра. „Алпине Бау“ за оваа сума успеа да ја заврши карабинатата, без целосна реализација на покривната конструкција. Изградбата на зданието за оваа културна институција веќе трае повеќе од четири и пол години – градежните работи започнаа во март 2009 година. Идејното решение за објектот на Филхармонијата го изработи архитектот Виктор Михајлов, додека основниот и главниот проект е дело на проектантското биро „Македонија проект“ од Скопје.

 

 

Визуелизации:

 

###

###