Претходна статија
ПЕТ Центарот во Скопје ќе го гради австриски „Штрабаг“
Следна статија
Пругата од Миравци до Смоквица реконструирана за поголеми брзини

Денеска нов протест „Го сакам ГТЦ“

Објавено на 03.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Организаторите на акцијата „Го сакам ГТЦ“ не се откажуваат од протестните активности за спас на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар во Скопје. За денеска се планирани уметнички настапи и инсталации, а пораката „Го сакам ГТЦ“ ќе лебди испишана на стотина балони. Преку пишување писма во кои ќе ги искажат своите ставови, сите граѓани ќе имаат можност да се обратат до носителите на одлуките за обезличување на ГТЦ. Активистите очекуваат многу поголема поддршка од граѓаните со цел да се одбрани Градскиот трговски центар од идејата да добие „барокен изглед“.

 

Го сакам ГТЦ - јуни 2013„Сметаме дека е потребно подобрување на сегашната состојба на компактната урбана структура и тоа преку реставрација и програмско заживување на објектот ГТЦ, а низ една поширока јавна расправа и со оние кои ја обмислуваат и со оние кои ја живеат неговата архитектура. ГТЦ е нераскинлив дел од идентитетот на Скопје и претставува негово градителско, историско и културно наследство заедно со останатите делови на неговиот урбан блок. Заради тоа мора да остане таков како што е, автентичен, градски, наш. Заслужува почит и негување“, вели во контекст на иницијативата, досегашната претседателка на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска. Секоја интервенција која нема да добие согласност од Општината Центар и од Здружението на приватни сопственици на деловен простор во трговскиот центар ќе биде бесправна и ќе подлежи на судска постапка смета Павловска.