Во изградбата на Националната арена Филип Втори отворен е нов фронт на градежни активности. Се поставуваат скелиња и на надворешната страна на јужната трибина. Инаку веќе подолго се работи на реконструкција на покривот на трибината и смена на осветлувањето и столчињата. Предвидено е националната арена да добие осветлување со јачина од 1.800 лукса. Како рок за доведување на „јужна“ во употребна состојба, вклучувајќи ја и можноста за ноќни натпревари, првично се најавуваше мај, но подоцна рокот беше поместен за октомври. Засега нема финален одговор дали квалификациониот меч за Еуро 2012 против Ерменија, која ќе ни гостува на 7 септември ќе се одигра под дневна светлина или сеуште постои можност работите да се комплетираат пред тоа. Следното гостување е на 12 октомври, кога доаѓа репрезентацијата на Русија.
Покрај средства од државниот буџет, за реконструкцијата на јужната трибина наменски средства во висина од околу 650.000 евра обезбеди и Фудбалската федерација на Македонија преку фондови на УЕФА. За возврат, ФФМ ќе добие бесплатно користење на стадионот за одигрување на меѓународни натпревари во период од 15 години.
Форумска дискусија за овој проект –> овде