Претходна статија
Во јубилејната 150-та година од основањето, GEZE ќе ги претстави своите најнови продукти во Македонија
Следна статија
И објектот „Ибни Пајко“ ќе добие нова фасада

„Гранит“ ќе реконструира три патни правци за 1,3 милиони евра

Објавено на 23.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Агенцијата за државни патишта потпиша три договори со градежната компанија „Гранит“ од Скопје за рехабилитација на патните правци Делчево – Македонска Каменица, Виница – Кочани и Рабово – Костурино. Вкупната вредност на оваа инвестиција за подобрување на постоечката патна инфраструктура во земјава изнесува 81.767.000 денари или околу 1,3 милиони евра. Најголем дел од финансиските средства – 51.129.000 денари ќе се одвојат за санација на делницата Делчево – Македонска Каменица од државниот пат А3, при што реконструктивниот зафат е планирано да се одвива во временски период од 27 месеци.

 

 

 

За рехабилитација на сегментот помеѓу Виница и Кочани од државниот пат А3 се насочени средства во висина од 11.152.000 денари, а градежните активности на овој проект треба да завршат во рок од 26 месеци. Според соопштението објавено на веб – страницата на Македонската берза, скопски „Гранит“ за сума од 19.486.000 денари ќе ја реконструира и делницата Рабово – Костурино од државниот пат Р1401, со рок на завршување од 26 месеци.