Претходна статија
„Стара“ фасада за „Пелистер“
Следна статија
Државата продава земјиште за хотели на Голак и во Кратово

Потпишан договорот за 202 двокатни автобуси

Објавено на 14.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ретро дизајнот на ЈутонгМинистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска со кинескиот производител Јутонг (Zhengzhou Yutong Group Co.Ltd.) го потпиша договорот за набавка на 202 двокатни автобуси, од кои 200 од затворен тип и 2 отворени панорамски. Возилата се климатизирани, имаат мотори според еуро 4 стандарди, дигитален тахограф и автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички. Располагаат со 60 седишта и 20 места за стоење. Наменети се за главниот град, а еден панорамски автобус ќе му биде подарен на Охрид за промоција на туризмот. Испораката ќе се одвивива во текот на три години. До крајот на 2011 треба да се испорачаат најмалку 66 автобуси, додека во наредните две години по 68. Со иста диманика ќе биде и плаќањето. Набавката на 200 затворени автобуси од Јутонг ќе чини 32 милиони евра, а на двата панорамски 283 илјади евра.


Ова беше петти тендер за двокатни автобуси, а претходните пропаѓаа од различни причини. Патот за потпишување на договорот беше отворен после отфрлањето на жалбата од Кинг Лонг, од каде негодуваа дека нудат подобри технички карактеристики на возилата и цена пониска за 4,5 милиони евра, а дека нивната понуда се отфрла врз база на субјективно толкување на критериумот за ретро дизајн. Понудата на Кинг Лонг изнесуваше 27,5 милиони за затворените автобуси и 275 илјади за панорамските. На 29.01.2010 беше потпишан и договор за набавка на 84 градски автобуси од украинскиот производител ЛАЗ (Львівський автомобільний завод), од каде до 01.06.2010 треба да пристигнат првите 15 примероци, а останатите до февруари 2011.




Форумска дискусија за двокатните автобуси –> овде