Претходна статија
Продолжува обновата на источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Прилеп
Следна статија
Се зголемува енергетската зависност од странство, опаѓа употребата на обновливи извори на енергија

„Геинг“ ќе изготви проект за санација на автопатот Неготино – Д. Капија

Објавено на 20.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Автопат Неготино - Демир КапијаАгенцијата за државни патишта потпиша договор со компанијата „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ за изработка на проектната документација за санација и рехабилитација на автопатската делница Неготино – Демир Капија во должина од 15,4 километри. За оваа цел се издвоени финансиски средства во висина од 17.428.600 денари или околу 280 илјади евра. Рокот за изготвување на проектот изнесува 10 месеци. Идејата за реконструкција на делницата Неготино – Демир Капија е дел од обемниот владин проект за обнова на веќе изградениот автопат од паневропскиот Коридор 10 во Македонија.

 

Изградбата на трасата од Неготино – Демир Капија се одвиваше во три фази во периодот од 2003 до 2005 година. Инфраструктурниот зафат беше финансиран од Фаре програмата и преку Кардс програмата на Европската комисија. Вкупната должина на автопатските делници од Коридорот 10 што минуваат низ земјава изнесува 172 километри.