На денешното редовно изборно собрание на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (AAM) се гласаше за нов претседател на организацијата, претседател на нејзиното собрание, како и членови на управниот одбор. Нов прв човек на ААМ е Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, а претседател на собранието во наредниот мандат ќе биде Енис Јакупи. За членови на управниот одбор се избрани: Искра Ефремова, Даница Павловска, Филип Дубровски, Дејан Секуловски, Ангел Ситновски и Дејан Ивановски.